Во судскиот совет пред некое време беше избрана Весна Дамева, која ниту била судија ама има многу фотографии со СДСМ. Утре кога ќе дојде некој како Прибе ќе биде зачуден зошто државата уште е во хибриден режим Заев во судеиите не гледа спроведувачи на законот туку негови адвокати, рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски на почетокот на расправата на седницата за измени на Законот за Советот на јавни обвинители.
– Заев има куќни пријатели во Струмица а најдобриот му е Зоран Георгиев, претседател на сите изборни кампањи на Заев во Струмица. На Георгиев најомилена улица му е Бетовенова оти таму добива списоци од Роми и им дава пари за да гласаат. Сопругата на Георгиев, Лорета е избрана за член на Судскиот совет. Претседателот на Судскиот Совет, Здравев не смее дневен ред да утврди без да ја праша Лорета – рече Милошоски.
Тој додаде дека следен пример е Наќе Георгиев, и дека тој наградно е избран за член на Апелација во Скопје и дека без разлика како ќе се одвиваат работите,не СДСМ туку Заев ќе има лично влијание врз Судскиот совет, врз Апелација…
Тој ги спомена и градоначалниците Курто Дудуш и Боро Малборо кои како што рече судството и обвинителството под влијание на Заев им ги ублажила казните.
– Замислете што ќе се случи ако градоначалникот на Париз киднапира лице го заклучи негде, а претседателот или премиерот на Франција каже дека ќе го разреши ако се докаже вина – рече Милошоски.