Петков: Сите граѓани на Македонија можат да бидат горди на безусловната препорака

163

Бугарскиот амбасадор Иван Петков, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, на седницата на Националниот совет за евроинтеграции на која се разгледуваше Извештајот на ЕК за Македонија, посочи дека сите граѓани на Македонија можат да бидат горди на добивањето на безусловната препорака, бидејќи сите помогнале за тоа.

Тој додаде дека за тоа придонело и подобрувањето на добрососедските односи, а посебно потпишувањето на договорот со Бугарија за кој, како што кажа, била неопходна храбрст на двајцата премиери.

Петков, најави дека на состанокот на ЕУ во Софија во мај ќе се разгледува како може да им се помогне на сите земји од Западен Балкан да продолжат со реформите со цел да станат идни членки на Унијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...