Ајакс го продаде Зијех за 40 милиони евра

157

Фудбалскиот клуб Ајакс одлично работи на финансиски план. Три дена по продажбата на Хаким Зијех за 40 милиони евра, холандскиот гигант ја пополни дупката во нападот за наредната сезона.

Управата на „копјаниците“ постигна договор со Сао Паоло за трансфер на Адријан за 20 милиони евра.

Олимпискиот репрезентативец на Бразил ќе се пресели во Амстердам во јуни. Дотогаш ќе остане во дресот на Сао Паоло за кој досега одигра 33 меча и постигна шест гола.

Ајакс забележа профит од над 150 милиони евра од продажба на играчи во сезоната 2018/19. Матијс де Лихт го испрати во Јувентус за 85,7 милиони евра, Френки де Јонг во Барселона за 75 милиони евра и Каспер Долберг во Ница за 20,5 милиони евра.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...