Во пожар во Дом за деца без родители на Хаити загинаа 7 бебиња и 6 деца

48

Во пожар што вчера изби во Дом за деца без родители во близина на главниот град на Хаити, Порт о Пренс загинаа 15 деца.

Помеѓу жртвите се седум бебиња и шест деца на возраст од 10 до 11 години.

Воспитачката во Домот, Роз-Мари Луи изјави дека на пожарникарите им требало еден час да пристигнат со местото на несреќата.

Пожарот бил предизвикан најверојатно од свеќи, кои се користеле бидејќи имало дефект во интерниот систем за електрично напојување.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...