Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до пет степени, а дневната температура од шест до 13 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец.
Утринската температура ќе достигне до три степени, а дневната температура до 11 степени.
Потоа следува период на стабилно и потопло време.