Џафери: Кај сте сега почитувани колеги фејсбук-мејкери

3969

Расправата за законот за јавното обвинителство заврши. Претседателот на Собранието Талат Џафери откако се исцрпи листата на говорници за законот ја затвори расправата. Но бидејќи во салата немаше доволно пратеници, тој даде еден час пауза за да се соберат пратениците. Џафери потенцира дека во 22 часот ќе почне новата седница на која на дневен ред се предлог за разрешување на министерката за труд Рашела Мизрахи, Измените на Изборниот законик, на Законот за лични карти…

– Почитувани колеги фејсбук мејкери ме ставивте како топовско месо вчера бидејќи ја почнав седницата во 22 часот. Сега заврши дискусијата во 21 часот. Кај сте сега?Објавувам пауза за мнозинството да ми каже кога да продолжиме. По паузата продолжуваме со нова седница – рече Џафери.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...