Во изминатите два извештаи на Европската комиија заради длабоката политичка криза и назадувањето со реформите и констатицијата за заробена држава, препораката за почеток на преговори со Европската унија беше суспендирана и условена со обезбедување демократски амбиент и демократски реформи. Оваа година препораката е чиста и безусловна и само ни претстојат чекорите кои треба да ги изодиме до портата на ЕУ. Никогаш не сме биле поблиску и нема да отстапиме ни педа од овој процес.
Ова денска го порача премиерот Зоран Заев на седницата на Националниот совет за евроинтеграции на која се разгледуваше Извештајот на ЕК за Република Македонија за 2018 година. Тој го оцени добивањето на безусловната препорака за почеток на преговори за членство во ЕУ како настан на кој се горди сите граѓани, како потврда за постигнатото и додаде дека тоа претставува силен мотив за да се продолжи со реформте со цел во јуни да се добие датум за старт на преговорите.
– Подготвени сме за тој нов чекор напред. Цврсто сме определени да спроведеме одржливи решенија низ суштинските реформи во сите области опфатени во планот 3-6-9, рече Заев и додаде дека Владата уште порешително ќе ги води реформските процеси во следните два месеца.
Потенцира дека врз основа на Извештајот на ЕУ се утврдени следните итни реформски процеси што треба да се спроведат до крајот на годинава.