Пратеникот на СДСМ Александар Кирацовски од собраниската говорница за законот за јавното обвинителство порача на опозицијата дека има разлика помеѓу нив и ВМРО-ДПМНЕ.
– Бојан кој се сликаше со нас е на судско рочиште. Доколку вие се сликавте со Бојан и бевте на власт ќе ги делевте парите од криминалот. Со Боки не слики, филмови ќе снимавте. Телевизијата немаше да се затвори туку ќе блескаше. Ќе зборувам оти чист сум како солза. Тоа е разликата помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ – рече Кирацовски.