Александрова до Милошоски: Ја искрививте мојата слика за тоа како треба да изгледа еден политичар

4329

Независната пратеничка Емилија Александрова на денешната седница на која треба да се гласа за Законот за јавно обвинителство му порача на пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, да ја напушти и да ја ослободи партијата, бидејќи, како што рече, со неговото однесување ѝ нанесува само штета.

– Вие немате никакви аргументи против овој Закон за Јавно обвинителство. Ја заложивте партијата во која сте само поради привилегии. Ја искрививте мојата слика за тоа како треба да изгледа еден политичар. Напуштете ја партијата, ослободете ја партијата – рече Александрова.

На ова Милошоски одговори дека СДСМ сака да го истурка Законот за ЈО само за да се спаси од одговорност. Тој исто така обвини дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, е во коалиција со својот брат и со поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...