Русковска ќе извади докази против Боки и Јанева обезбедени преку ПИ – мерки

3011

Ново рочиште во предметот „Рекет“ денеска е закажано во Кривичниот суд во Скопје , а на кое се очекува да продолжи изведување на докази на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, а кои биле обезбедени со посебни истражни мерки.

Судијката Васка Николовска Масевска во петокот го затвори за јавноста судењето затоа што беа презентирана снимка во кои имало приватни разговори помеѓу Зоран Милевски Кичеец и првообвинетиот Бојан Јовановски.

Снимката, како што објавивме, трае околу два часа, а ја снимил тајно осудениот на три години затвор Зоран Милевски Кичеец. Предлогот оваа снимка да се слуша зад затворени врати го даде обвинителката Вилма Русковска.

Претходно, од УСБ – то на Кичеец беа пуштени две снимки, а откако судијката образложи дека нејзината улога во постапката и согласно Законот за кривична постапка е да се грижи за заштита на приватноста, најави дека третата снимка нема да биде презентирана пред јавноста.

На ова прво реагираше обвинетата Катица Јанева, а потоа и Бојан Јовановски кој побара да се обелодени, како што рече , неговиот однос со Кичеец и како тој манипулирал со него. Јанева смета дека забранетата за јавност снимка е клучот за „Рекет”, а дека јавноста  ќе добие поинаква слика за случајот затоа што ќе се дознае кој манипулира, кој нуди поткуп, а кој прави рекет.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...