Собраниската седница денеска продолжи со жестоки препукувања меѓу довчерашните сопартијци, Антониjо Милошоски и Крсто Мукоски.
– Жал ми е што ВМРО-ДПМНЕ е заложник на два-тројца криминалци како вас и што се претворивте во партии како Златна Зора во Грција или Радикалите на Шешељ. А фирмата постои од 1974 година, ја „тресеа“ 6 месеци УЈП и сите инспекции, и пак нека дојдат да истражуваат. А уште од самото основање, патот на партијата ВМРО-ДПМНЕ е кон ЕУ струкури, ова не беше основата – изјави Крсто Муковски од собраниска говорница.
Милошоски претходно го обвини Мукоски и дека дека го продал името на државата.
– Прво СДСМ тврди дека Крсто Мукоски и неговата фирма имаат криминални дејствија, но кога Мукоски гласаше за смена на Уставот, СДСМ тврди: Нема криминал во фирмата! СДСМ тврди дека Мукоски е теророст за настаните од 27 април, а кога гласаше за промена на Уставот, тогаш тврди дека е реформист – рече Милошоски.