Ахмети за половина час ќе тргне од Кичево за да гласа во Собранието

924
ФОТО: EPA / VALDRIN XHEMAJ

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за половина час ќе тргнел од Кичево и навреме ќе пристигне во Собранието за да гласа за Законот за Јавно обвинителство и за разрешувањето на министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи.

Ова го изјави пратеникот на ДУИ, Артан Груби, на денешната прес-конференција во парламентот.

– Владата на СДСМ е тука поради гласовите на ДУИ. И на 12 април нашата партија ќе биде одлучувачки фактор. Не условуваме ниту еден закон, веднаш ќе ги гласаме – рече Груби.

ФОТО: EPA / VALDRIN XHEMAJ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...