Техничкиот премиер Оливер Спасовски утрово изјави дека најпрво ќе мора да се донесат законските решенија, а дури потоа да се распушти парламентот, алудирајќи на Законот за Јавно обвинителство кој ќе се носи денеска.
– Најпрво треба да се донесат законските решенија, па потоа парламентот да се распушти – рече Спасовски, притоа не одговорајќи на новинарските прашања дали може да се одложат изборите доколку не биде изгласан законот за кој е закажана седница во 11 часот.
Во врска со релациите на СДСМ со ДУИ, пак, тој рече дека се коректни.
– Релациите со ДУИ се коректни, како што ја почнавме коалицијата со нив, така и ќе ја завршиме. Не очекувам да има дополнително неразбирливо одложување на носењето на законските решенија, ако дојде до тоа да се опструираат законите тогаш ќе му ја мислиме за нов коалициски партнер – рече Спасовски.