Денеска во 11 часот ќе се одржи нова собраниска седница за предлог-законот за Јавното обвинителство. Парламентот вчера ја започна расправата за овој закон, но беше прекината и презакажана за денеска.
Собранискиот спикер Талат Џафери истакна дека нема услови за одржување на седницата затоа што за збор во расправата се јавиле повеќе од 30 пратеници. Тој ги повика лидерите на политичките партии да одржат лидерска средба за да обезбедат мнозинство.
Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski