Потпретседателот и пратеникот од СДСМ, Мухамед Зеќири, преку Фејсбук искоментира дека ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ ја обновиле коалицијата, откако вечерва претседателот на Собранието Талат Џафери ја презакажа седницата за законот за јавното обвинителство, и јавно ги повика лидерите на партиите да се договорат на лидерска средба дали се за избори на 12 април.
– Талат и ДУИ уште еднаш го покажаа нивното вистинско криминално лице заедно со нивните побратими од ВМРО ДПМНЕ. ДУИ И ВМРО ДПМНЕ ја обновија нивната криминална коалиција и коалиција на тесните интереси на одредени кругови во нивните редови. СРАМОТА!!!, напиша Зеќири на „Фејсбук“.