Џафери понуди лидерска средба за да се потврдат изборите за 12 април

644

Собраниската седница за законот за Јавно обвинителство одложена за утре во 11 часот. Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека ја седницата ја одложил поради бројката од пријавени повеќе од 30 пратенци за дискусијаи и поради жалбите од пратениците што ги примал во текот на целиот ден дека се изморени.

– Се додека примам пораки дека има можност да се создаде  друго мнозинство дека ќе биде поуспешно, јавно ги повикувам партиските лидери доколку сериозно мислат дека имаат потреба да создадат друго мнозинство, јавно ќе организирам преку мојата покана во текот на утрешниот ден да имаме лидерска средба согласно Пржинскиоит договор, согласно договорот за предвремените избори од 12 април, да потврдиме дека има желба да се одржат изборите на 12 април рече Џафери.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...