Груби: Изборите се договорени, политичката непредвидливост е несериозна и неоддржлива за нашата земја

1256

ДУИ целосно ги поддржува законите за јавно обвинителство, совет на јавни обвинители, за одбрана, изборниот законик со корекција на изборните единици како и Преспанскиот, Охридскиот и добрососедскиот договор, реагира пратеникот од ДУИ, Артан Груби по најавата на генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски дека е можно да направат ново мнозинство и да не се оди на предвремени туку на редовсни парламентарни избори.

– Ние сме убедени дека законите и одлуките ќе се донесат пред распуштање на Собранието. Предвремените избори беа консензуално договорени кај претседателот Пендаровски и политичката непредвидливост од било која страна е несериозна и неоддржлива за нашата земја, порача Груби.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...