Николовски: Постои реална можност да се направи ново парламентарно мнозинство

825

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски  вечерва на својот фејсбук профил напиша дека постои реална можност да се направи ново парламентарно мнозинство, а потоа и нова стабилна влада која ќе организира редовни парламентарни избори.

– Доколку во Собранието се продолжи со тактизирање и ако на кој било начин се оневозможи гласање на важните закони, а особено Законот за јавно обвинителство, Изборниот законик, Законот за одбрана, разрешувањето на Мизрахи…, во тој случај постои реална можност ние да направиме ново парламентарно мнозинство, а потоа и нова стабилна влада која ќе организира редовни парламентарни избори, пишува Николковски.

Северна Македонија, како што се наведува, нема да биде заложник на партиски и криминални интереси, правната држава и европската иднина се приоритет на граѓаните и за тоа ќе се бориме до последниот атом.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...