Праксата воспоставена од ова владеачко мнозинство продолжува и на крајот од мандатот на оваа ненародна власт. Седницата почнува во 22 часот, а пратеиците се тука цел ден, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на почетокот на седницата за законот за јавното обвинителство.
– Чекавме од 9 часот утринава да почне седницата за да почнеме во 22 часот. Зошто? За да може да тргуваат со гласовите на пратениците. Ова наше Собрание личи на се само на законодавен дом не. Затоа ова што го правите многу брзо граѓаните ќе ве казнат за непринципиелните политики. Дали седницата не можеше да почне утре во нормална процедура? Навистина јас не можам да сватам иако го разбирам вашето брзање да се донесе еден закон за спас на Зоран Заев – рече Мицевски.