Хорор: Актерката и нејзината другарка биле силувани пред нејзиниот сопруг!

Благодарение на мојата добра фотографска меморија, успеаја да направат негов фоторобот и да го стават зад решетки

2308

Актерката Френ Дрешер, најпозната по улогата во серијата „Дадилка“, проговорила за трауматичниот настан од своето минато, кога била нападната и силувана во својот дом.

Френ денес има 62 години, и вели дека мисли дека силувањето е поврзано со ракот на грлото на матката, кој ѝ бил дијагностициран во 2000 година.

– Со години избегнував да се соочам со својата болка и силувањето, и поради тоа завршив со рак. Тоа на крајот заврши некако поетски бидејќи телото се скрши и се разви болеста – рекла таа и открила како се изборила со траумата.

„Потоа повеќе никогаш не бев иста. Но, што и да ви се случи, мора да продолжите напред и да ја претворите болката во некоја цел, како што направив јас.“

Фран во 2007 година отворила непрофитна организација за собирање на пари за борба против ракот кај жените.

Страшниот напад се случил во 1985 година, кога имала 28 години, Френ и нејзината пријателка биле жртви на силување – вооружен маж, кој подоцна бил осуден на затворска казна, им се заканил со пиштол, а гнасното злосторство го сторил дека во собата во која се одвивало силувањето бил и тогашниот сопруг на Френ, Питер Марк Џејкобсон. Додека пријателот на силувачот го ограбувал нивниот дом, нејзиниот сопруг, со врзани раце и нозе и со превез на очите, бил принуден да сведочи на вистински пекол.

Во неодамнешното интервју за магазинот „Пипл“ открила дека после силувањето ѝ било премногу тешко да им каже на родителите што ѝ се случило.

– Моите пријатели знаеја, но не можев да им кажам на родителите, не сакав да им предизвикам дополнителен стрес во животот – изјавила Френ, која за својата траума одлучила да проговори дури десетина години подоцна, кога ѝ бил дијагностициран рак на матката.

– Ѝ помогнав на полицијата да го идентификува и на крајот го фатија мојот силувач… Благодарение на мојата добра фотографска меморија, успеаја да направат негов фоторобот и да го стават зад решетки – рекла Фран.

„Барем го имав тој завршеток кој многу жени го немаат. Тој е затворен сега и никогаш нема да го повтори делото, така што не морам да се плашам дека ќе го сретнам зад некој агол“, рекла Дрешер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...