Стравува од осуди од јавноста: Oзлогласениот бизнисмен го пренесе коронавирусот од Сингапур во Европа па се огласи

Волш, водич на извидници од Хов, Англија, несвесно станал „суперширач“ на коронавирусот откако заразен се вратил дома од конференцијата во Сингапур.

703

Бизнисмен од Англија Стив Волш (53) пред две недели заедно со уште стотина лица учествувал на една конференција во хотел во Сингапур и таму најверојатно се заразил со опасниот коронавирус. Сега Волш стравува дека јавно ќе го осудат како некој кој го донел смртоносниот вирус и ги изложил на опасност невините граѓани.

Волш, водич на извидници од Хов, Англија, несвесно станал „суперширач“ на коронавирусот откако заразен се вратил дома од конференцијата во Сингапур. По пат заразил најмалку 11 луѓе. Тој во моментот се наоѓа во изолација во болницата „Свети Томас“ во Лондон. Се чувствува добро, но очајува и стравува од осуда од домашната јавност.

Во меѓувреме, британските здравствени организации продолжуваат да трагаат по лицата со кои Волш бил во контакт по враќањето од Сингапур за да бидат подложени на тестирање, пишува „Дејли мејл“.

– Разговарав со Стив и неговата сопруга Кети. Тие се толку многу преплашени и загрижени од тоа што Стив станал „жртвено јагне“ поради нешто за кое „не е виновен“ – раскажал нивниот сосед за британскиот „Мирор“, додавајќи дека тој се јавил кај лекарот веднаш штом сфатил дека би можел да биде носител на вирусот и оној кој го проширил вирусот.

По враќањето од Сингапур, Волш поминал 6.000 километри. Попатно посетил пријатели во близина на Мегеве во француските Алпи и престојувајќи таму, наверојатно заразил 11 лица, вклучувајќи ги и неговите пријатели, сопствениците на планинарскиот дом каде отседнал и нивниот деветгодишен син. Потоа од Женева одлетал за Лондон, а на летот имало повеќе од стотина патници и членови на екипажот. По пристигнувањето во Хов, свратил и до локалниот паб кој инаку редовно го посетува.

Кога сфатил дека би можел да биде носител на коронавирусот, самиот отишол на лекар и побарал да биде подложен на тестирање во болница во Брајтон. Кога таму било потврдено дека е позитивен на коронавирус, Волш бил преместе во специјалната изолациска единица на болницата во Лондон каде во моментот се наоѓа.

FOTO: Supplied Editorial Steve walsh/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...