Водителката на Евровизија под уцена призна дека е трансродова личност

Ники процесот на промена на полот го започнала веќе на 14-годишна возраст.

1720

Јутјуберката Ники де Џегер (25), попозната по уметничкото име Ники Туторијали, ќе биде една од годинешните водителки на Евровизија, што ќе се одржи од 12 до 16 мај во Ротердам.

Ники ќе известува од 65. натпревар на Евровизија преку интернет-канал, пренесува официјалната веб-страница на овој музички натпревар.

Меѓутоа, она што е интересно во врска со Ники е дека таа е родена како маж, но неодамна признала дека е трансродна личност.

Ники, инаку, се занимава со шминкање, а неодамна ја признала својата тајна, и тоа под притисок на луѓето кои ја уценувале дека ќе ја откријат вистината за неа.

Во текот на кариерата Ники криела дека е трансродна личност, а истакнува дека поради тоа ја уценувале и ѝ се заканувале.

Ники процесот на промена на полот го започнала веќе на 14-годишна возраст, истата година кога почнала на Јутјуб да снима мејкап туторијали кои подоцна ја прославиле.

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...