Актерката Софи Тарнер и нејзиниот сопруг и музичар Џо Џонас очекуваат бебе. Тарнер и Џонас кои се венчаа минатата година во Лас Вегас се многу возбудени што за првпат ќе станат родители.
Неименуван извор за американските медиуми открил дека тие ја чуваат бременоста во тајност, но се многу среќни поради тоа.
Сè се чува во тајност, но нивните семејства и пријатели се многу возбудени поради бременоста. Софи промени цела гардероба за да се прилагоди на своето тело, пренесува извор близок до парот.
Британската актерка својата светска популарност ја стекна со улогата на Санса Старк во серијата „Игра на тронови“, а за музичарот се омажи во мај минатата година.
FOTO: Instagram/Printskrin