Столтенберг: НАТО останува во Ирак

40
ФОТО: EPA/OLIVIER HOSLET

Ирачката влада му даде зелено светло на НАТО да остане во земјата, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

Дозволата е дадена само неколку недели откако Ирак побара странските сили да ја напуштат земјата по американското убиство на иранскиот генерал Касим Сулејмани, недалеку од аеродромот во Багдад.

– Ирачката влада ја потврди нашата желба да ги продолжиме активностите на НАТО за обука, советување и градење капацитети на ирачките вооружени сили. Ние ќе останеме само во Ирак се додека сме добредојдени – изјави Столтенберг за време на состанокот на министрите за одбрана.

Мисијата за обука на НАТО во Ирак, предводена од Канада, почна во 2018 година и опфати приближно 500 војници.

Фото: EPA/OLIVIER HOSLET

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...