Почна реконструкцијата на катната гаража во населбата Ново Лисиче, која опфаќа бојадисување на челичната конструкција како и промена на оштетените хоризонтални и вертикални олуци.
Од Општината Аеродром соопштуваат и дека со Јавното претпријатие „Градски паркинг“ ја разгледуваат можноста за воведување зонско паркирање во дел на Општината, со цел да им излезат во пресрет на барањата на граѓаните и да се олесни паркирањето.