Во Јапонија денеска е потврдена првата жртва на коронавирусот, изјави јапонскиот министер за здравство Кацунобу Като.
Тој истакна дека од последица на коронавирусот починала 80-годишна жена од округот Канагава, кој граничи со главниот град Токио.
Като ја соопшти информацијата на прес-конференција, без да изнесе повеќе детали.