Врнежи од дожд, а на планините од снег под влијание на влажен бран ќе има утре, а од крајот на викендот ќе има пораст на температурите и ќе достигнат до 19 степени.
– Врнежите ќе бидат пообилни утре попладне. Во вечерните часови врнежите ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Преку ноќта и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од недела дневните температури ќе бидат во пораст – информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Времето денеска ќе биде сончево со температура од 9 до 16 степени, утре минималните од -1 до шест, а дневните од 3 до 12 степени. В сабота и в недела максималните температури до 13, односно 15 степени по што на почетокот на следната недела ќе се искачат до 19 степени.