Боки до Камчев: Орце, срце мое!

1591

„Орце, срце мое“, му вели Боки 13 на сведокот Јордан Камчев во една од снимките што во моментов се пуштаат на рочиштето за предметот „Рекет“.

– Да ја почекаме Весна Димишкова што ќе направи, во случај да не одлучи ништо. Во четврток Тони ќе оди кај Катица за да има оправдување жената – му вели Боки на Камчев, и додава дека пасошот наскоро ќе му биде вратен.

Во една од снимките што до Русковска ги доставил сведокот Камчев, Боки го информира дека „предметот „Империја” е многу обемен„ и дека обвинителката Лиле Стефанова, школски го сработила.

На оваа Камчев реагира дека нема криминал и дека СЈО е формирано за политички цели.

– Доказите на Лиле Стефанова и се за во Радовиш. Ти гарантирам дека нема криминал, ниту даночно затајување. Каде е оштетeна државата? Никој не може да не убеди дека сме правеле криминал.  Дали СЈО било формирано за да се занимава со стечај на Орка од 2002 година? СЈО е формирано за политичка цел, да падне Груевски од власт. Не е за Камчев и Панделевски – вели бизнисменот Камчев кој е сведок во „Рекет“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...