Град со 10.000 жители во близина на Ханој е првото населено место во Виетнам што е ставено во карантин поради страв од ширење на Ковид – 19, соопшти Министерството за здравство на земјата.
Откако во ова место, на околу 30 километри северозападно од Ханој, биле потврдени пет случаи на зараза, во Сон Лои е одреден 20-дневен карантин.
– Блокирани сме во место и работиме на оризови полиња и во градините, изјави еден жител на Сон Лои и наведе дека тоа сигурно ќе влијае на голем број жители кои работат вон тоа место.
Како што рече, една жена го заразила семејството и соседите.
Во Виетнам Ковид – 19 досега е потврден кај 15 луѓе.