Вчера попладне скопската полиција добила пријава дека во објект на поранешна сендвичарница на улицата „Дрезденска“ во Скопје било пронајдено починато лице.
Како што е наведено во полицискиот билтен, лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а идентитетот на лицето не е познат. Се претпоставува дека се работи за бездомник бидејќи во објектот имало импровизиран кревет.
Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје и по наредба на Јавниот обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.