Американски свештеник: Абортусот е полош од педофилија, педофилијата не убива

72-годишниот Ричард Бучи им подели на верниците од неговата парохија леток со имињата на 44 службени лица кои гласале за Законот за право на абортус.

151

Католички свештеник од Род Ајленд предизвика гнев во јавноста откако минатата недела им забрани на политичарите кои го поддржуваат правото на абортус да се причестуваат во неговата парохија.

72-годишниот Ричард Бучи им подели на верниците од неговата парохија леток со имињата на 44 службени лица кои гласале за Законот за право на абортус. Во летокот стои дека на тие лица ќе им биде забрането и да бидат кумови на свадби или крштевки.

– Абортусот е полош од педофилија. Педофилијата не убива никого, а абортусот убива – рекол свештеникот во изјава за WJAR, додавајќи дека „повеќе деца се убиени со абортус отколку што биле жртви на педофилија“.

Тој навел и дека луѓето не би требало да бидат изненадени од тоа што тој го зборува, бидејќи се повикал на учењата на Католичката црква.

„Нероденото дете е личност и има права како секоја личност“, додал Бучи.

Неговото интервју сепак предизвика гнев во јавноста.

– Апсурдно е да се зборува дека педофилијата никого не убива. Очигледно е дека овој свештеник не разбира што зборува. Педофилите го одземаат детството и душата на жртвите. Му препорачувам на Бучи да се сретне со жртвите и да ги сослуша нивните сведоштва – рекла демократската претставничка од Род Ајленд, Керол Хаган Мекенти.

Откако неговата изјава предизвика гнев во јавноста, свештеникот се обиде да се оправда во друго интервју, тврдејќи дека неговата одлука е само „продолжение на католичкото учење што трае веќе 2000 години“.

„Ова не е некоја нова идеја. Не разбирам зошто сите се шокирани“, истакнал тој.

Screenshot: WJAR

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...