СЗО: Премногу е рано за да се прогнозира крајот на епидемијата на КОВИД-19

177

Светската здравствена организација денеска предупреди дека е „премногу рано“ да се каже дали КОВИД-19  го достигнал својот врв или кога епидемијата ќе заврши и покрај намалувањето на бројот на новозаболени.

– Мислам дека е премногу рано сега да се обидуваме да го прогнозираме почетокот, средината или крајот на оваа епидемија – рече Мајкл Рајан, шеф на програмата на СЗО за  вонредни состојби во здравството.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...