Памела Андерсон го напуштила 22 години постариот сопруг, продуцентот Џон Петерсон по само 12 дена брак. Откако таа коментираше дека тој сакал да ја контролира, и тој одлучи да излезе во јавноста со својата страна на приказната.
– Не постои будала како што е стара будала. Сe што таа рече е лага – навел тој во имејлот за „Пејџ сикс“.
Во продолжение открил дека таа него го запросила, и тоа преку порака.
– Не морам да напоменувам дека сонот ми се оствари кога ми напиша дека сака да се венча, иако бев свршен со друга жена и таа штотуку требаше да се всели. Се напуштив поради Памела – тврди Петерс.
– Имаше 200.000 долари во долгови, јас сето тоа го платив бидејќи таа нема пари. И купив комплетно нова гардероба – тврди продуцентот.
Продуцентот ја споделил и пораката која наводно и ја пратил на актерката само три дена откако се венчале.
„Ме исплаши бракот со адвокати и долгови. Сфатив дека на моите 74 години ми треба миран живот, а не меѓународна љубовна афера. Мислев дека ќе биде забавно заедно да изградиме царство, но не бев во право. Јас сум едноставен човек кој ги сака своите деца. Не сакам постојано да патувам. Се уште сакам да бидеш во мојот филм, тоа би ти била одлична прилика“, напишал тој.
Додал дека 50 години работел на тоа да го стекне своето богатство и дека сака да го остави на своите деца.
Портпаролот на Памела Андерсон на ова само порачал дека Памела „му посакува секое добро“.
FOTO: Instagram/Printskrin