Порака од Ферари: Не го сакаме Хамилтон

192
ФОТО: EPA/LUIS FORRA

Првиот човек на Ферари, Матиа Биното со јавна порака за приоритетите на тимот за 2021 година – „сакаме да го задржиме Себастијан Фетел, а не да го бркаме Луис Хамилтон“.

– Себастијан е наш прв избор. Тоа јасно му беше кажано во разговорите. Него го сакаме, за него размислуваме – нагласи Биното.

Запрашан дали Хамилтон е резервна опција за Ферари, ако Фетел ги одбие, Биното одговори: Не. Мислам дека се што имав, кажав во врска со ова. Фокусирани сме на нашите пилоти и Себ е наша опција. Не го сакаме Хамилтон. Фокусирани сме на болидот, на зимските тестирања и на првите трки во сезоната“.

Новата сезона во Формула 1 шампионатот ќе почне на 15 март со трка за ГН на Австралија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...