Повеќе од половината сообраќајци на Малта вклучително и нивниот шеф се уапсени поради сомнение дека лажирале стотици прекувремени часови. Полицајците се приведени по дојава на свиркач. Притворени се 37 од вкупно 50 сообрќајци.
Шефот на сообраќајната полиција се сомничи дека барал да користи мотор иако на располагање веќе имал возач и службен автомобил.
– Шефот на сообраќајната полиција вчера поднел оставка, која била прифатена – соопшти полицијата.
Неколку полицајци се товарат дека купувале гориво за својте приватни возила.
Премиерот Роберт Абела изјавил дека е добро дека полицијата спроведува истрага во сопствените редови.
-Тоа ја потврдува функционалноста на полицијата. Ако истрагите покажат дека тие луѓе треба да излезат пред суд или да се преземат дисциплински мерки против нив, тогаш тоа и ќе се случи – рекол Абела.
Истрагата во сообраќајната полиција е покрената по писма на свиркач во кои детално е наведено како службениците наплатуваат обврски кои никогаш не ги извршиле.