Мун и Ким потпишаа декларација за денуклеаризација и за крај на војната (ВИДЕО)

Во заедничкото соопштение се наведува дека „нема да има повеќе војна на Корејскиот Полуостров и оти почнува нова ера на мирот“.

310

Јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун постигнаа историски договор за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров и за крај на војната.

Во заедничкото соопштение се наведува дека „нема да има повеќе војна на Корејскиот Полуостров и оти почнува нова ера на мирот“.

– Ајде да ги исполниме очекувањата на луѓето и светот да го направиме подобар. Ветувам дека ќе бидеме се подобри во иднина – посочи Ким.

Во декларацијата се наведува дека Мун и Ким се договориле да почнат да работат на целосна декларација на Корејскиот Полуостров. Според западните медиуми, договорено е Корејскиот Полуостров да се ослободи од нуклеарното оружје, но двајцата лидери не понудиле нови специфични мерки како тоа да се постигне.

Мировниот договор помеѓу Јужна и Северна Кореја треба официјално да биде потпишан до крајот на годината. По завршување на војната во 1953 година помеѓу двете земји бешпе потпишан само мировен договор, што технички значи дека Северна и Јужна Кореја се уште се во војна.

ФОТО: јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...