Милевски ги осуди навредите што негов службеник ги упати кон Героски

1247

Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, ги осуди навредите што ги упати еден од неговите службеници кон новинарот Бранко Героски.

Тој истакна дека нема да толерира говор на омраза, но и дека ќе преземе соодветни мерки кон сите оние што ги кршат правилата.

„Во однос на јавните напади и навреди на новинарите од страна на вработени во Министерството за локална самоуправа, сакам да ја информирам јавноста дека нема да го толерирам говорот на омраза и загрозувањето на слободата на говор на новинарите, но и дека ќе преземам мерки согласно Етичкиот кодекс на јавни службеници, член 18 и 19. Почитувањето на Кодексот е законска обврска за сите вработени. Како опозиција се боревме да ја вратиме слободата во државата. Од позиција на власт немам намера да се откажам од таа борба“, напиша Милевски на Фејсбук.

Ваквата реакција следуваше откако новинарот Героски вчера се пожали дека добивал навреди од службеник во Министерството за локална самоуправа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...