Кој е најновиот најстар човек на светот? ФОТО

327

Новиот Гинисов рекорд за највозрасен човек на светот од денеска му припаѓа на Јапонецот Читетсу Ватанабе од Нигата, кој има 112 години и 344 дена.

Јапонецот, инаку роден 1907 година, сака слатки и верува дека насмевката е лековита.

Претходниот рекордер беше, исто така – Јапонец, Масазо Нонакас, кој почина минатиот месец. Највозрасна жена е Јапонката Кане Танака, која има 117 години.

Прашан – во што е тајната на неговата долговечност, Ватанабе препорачува луѓето никогаш да не се лутат и секогаш да се насмеани.

Ватанабе завршил земјоделско училиште и потоа се преселил на Тајван, каде работел на плантажи за шеќер. Таму живеел 18 години. Се оженил со сопругата Мицу и имале пет деца. По Втората светска војна, Ватанабе се вратил во Нигата.

До пред десет години се занимавал со бонсаи, па и учествувал на изложби на минијатурни дрвја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...