Дескоска: Ако Милошоски верува во содржината на аудио-снимката, тогаш нека ја достави до институциите

3728

Комисијата за европски прашања не е местото каде што треба да се пуштаат разговори, истакна министерката за правда Рената Дескоска, откако пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, пушти аудио-снимка на која се слуша како извесен З.З. ѝ помагал на телевизијата 1ТВ, чиј неформален сопственик беше обвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски.

– Има институции, па ако Милошоски си верува самиот себеси на тоа што го пушти, слободно нека го достави до институциите. Како доаѓа времето за изгласување на Законот за Јавно обвинителство, така повеќе се гледа стравот кај опозицијата, со која цела година преговаравме, а не постигнавме договор – рече Дескоска.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...