Пратеникот Антонио Милошоски пред пратениците во Комисијата за европски прашања, пушти аудио запис, во кој, како што рече, се слуша глас на лице со иницијали З.З. кој разговара со друго лице за обвинетиот за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13.
Милошоски алудира на поранешниот премиер Зоран Заев.
– Овој транскрипт фрла мала светлина, зошто никој не сака нелегално снимени разговори да бидат докази во судските постапки- рече Милошоски пред пратениците.
Милошоски рече дека снимката ја добил од свиркач, кој го замолил да се објави со цел јавноста да биде запознаена со неправдите.
– Mу требаат пари во телевизијата и прави комбинации. Го прашав, oд каде парите за телеизијата, ми рече од Хрватска, но главно од Циле, (Силјан Мицевски) за старечките домови – рече Милошоски, читајќи го траскриптот.
Во продолжение интегрално текстот од аудио записот.
Зоран Заев: Но му требаат пари во тоа телевизијата.
Зоран Заев: Му требаат пари за тоа телевизијата и само прави некои комбинации.
Зоран Заев: Го прашав Боки бе од каде бе тие парите за телевизијата, ми вика имав еден фраер од Хрватска и од Циле, (Силјан Мицевски) што му легнаа пари тогаш за тоа старечките домови.
Зоран Заев: Ние на неколку пати така му помогнавме во телевизијата главно за маркетинг тоа беше уште порано лани, октомври, ноември (2018 година.)