Техничкиот премиер Оливер Спасовски доставил до Собранието предлог за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, информираат од Владата.
– Претседателот на Владата има обврска да обезбеди заштита на Уставот на Република Северна Македонија, па имајќи предвид дека министерката Рашела Мизрахи намерно го крши Уставот и со тоа ја загрозува евроатлантската иднина на државата, премиерот до Собранието го достави предлогот за нејзино разрешување – велат од Владата.
Ваквиот потег на Спасовски следуваше откако Мизрахи упорно одбиваше да ја замени старата табла во Министерството за труд и социјала на која е испишано старото уставно државно име – Република Македонија, со нова, на која би требало да пишува – Република Северна Македонија.