Словенечки медиуми: „Северна Македонија со наша помош го ратификуваше протоколот за НАТО“

754

Словенечките медиуми детално известуваат за синоќешното ратификување на Протоколот за членство во НАТО. Телевизија Словенија во текст со наслов „Северна Македонија со словенечка помош го ратификуваше протоколот за НАТО” акцент става на присуството на претседателот на словенечкото Собрание Дејан Жидан.

Телевизијата известува дека покрај поддршката, која Словенија и ја дава на Северна Македонија за нејзиното членство во НАТО и почетокот на преговорите со Европската унија, Жидан со властите во Скопје разговарал и за подобрување на и онака добрите економски односи меѓу двете земји.

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, за ратификацијата на протоколот објави и ПОП ТВ. Во извештајот се наведува дека по ратификацијата на Протоколот, единствена пречка за полноправно членство на Северна Македонија во НАТО е Шпанија, која се очекува набрзо да го ратификува протоколот по што целата процедура ќе се затвори.

Телевизијата, исто така, објави дека речиси сите пратеници гласаа “За” ратификацијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...