Метеоролошките служби предупредуваат дека е можна нова бура, наречена Денис, во текот на идниот викенд над Западна Европа, слична на бурата Кјара што ги погоди западноевропските земји изминатиов викенд.
Феноменот доаѓа од Атлантскиот океан каде моментално се создава бура, таа би требало да ја погоди Шкотска во сабота, и да се прошири во следните часови, според британските метеоролошки служби.
Информацијата ја потврдуваат и од белгискиот метеоролошки институт, но не можат сѐ уште да потврдат со сигурност колкава ќе биде и кои земји ќе бидат погодени.
Можни се ветрови до 100 километри на час. Бурата Кјара достигна речиси 130 километри на час. Бурата Денис сепак не би била толку екстремна како Кјара.
ФОТО: EPA / CABALAR