Кејт Мидлтон доби нов прекар инспириран од принцезата Дајана

Нејзината љубезност и труд и донелe нов симпатичен прекар инспириран од нејзината свекрва, принцезата Дајана.

2238

Војвотката од Кембриџ секогаш се забавува при своите посети, да разговара со волонтерите, да се дружи со децата и внимателно да ги слуша сите луѓе што ги среќава.

Мидлтон во една прилика истакна дека другите членови на кралското семејство ја исмејувале затоа што толку многу време минувала на организирани посети и тоа само затоа што сакала да сослуша секој што ќе и се обрати.

Нејзината љубезност и труд и донелe нов симпатичен прекар инспириран од нејзината свекрва, принцезата Дајана.

Мајката на Вилијам и Хари ја нарекуваа „Принцеза од народот“ затоа имала дотогаш невидена врска со јавноста, која најмногу се огледала низ нејзината хуманитарна работа. Фановите забележале слични особини со Кејт, па затоа почнале да ја нарекуваат „Детска принцеза“ на социјалните мрежи поради нејзината поврзаност со помладите фанови.

Обожавателите првпат почнаа да ја нарекуваат со овој прекар во коментарите на видеото кое ја најавува нејзината нова и значајна анкета, „Пет големи прашања кои се однесуваат на раното детство“, пренесува „Мирор“.

Кејт Мидлтон обожава деца, а и децата ја обожаваат неа. Неодамна му се извини на едно девојче што не носи фустан на Пепелашка, откако девојчето се пожалило дека е разочарано од облеката што ја носи.

– Детска принцеза. Нејзиното кралско височество, војвотката од Кембриџ, нашата идна кралица – искоментирала еден корисник.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...