Нова снимка од кобниот пад на хеликоптерот на Коби Брајант ВИДЕО

932

Еден од најдобрите кошаркари во историјата, Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа во Калифорнија на 26 јануари. Покрај тоа, осум други лица загинаа, меѓу кои и неговата 13-годишна ќерка Џана.

Во несреќата загина и клупската колешка на Џана, Алиса. Таа беше придружувана од нејзините родители, Џон Алтобели и Кери Алтобели. Џон Алтобели имал 56 години и работел како бејзбол тренер на колеџ во округот Оринџ. Тој и сопругата ја придружувале нивната ќерка на натпревар што требаше да се одржи трагичниот ден.

Загинаа и Кристина Маузер, кошаркарски тренер во приватно училиште во округот Оринџ, и Сара Честер и нејзината ќерка Пејтон. Пилот на хеликоптерот беше Ајра Зобајан.

По трагедијата беа објавени неколку снимки од несреќата, а најновата е објавена денеска од шпанскиот спортски весник „Марка“. Авторот е непознат велосипедист, кој кога го слушнал грозоморниот тресок и експлозијата,  го снимил местото на несреќата со својот мобилен телефон. Во тие моменти тој немал поим што снима …

Причината за несреќата на хеликоптерот сѐ уште се истражува. Но, она што е познато е дека имале многу проблеми. Времето било многу лошо, скоро ништо не се гледало поради магла.

Пилотот многу ја сменил надморската височина и бил предупреден дека лета премногу ниско. Пилотот на хеликоптерот на Коби Брајант планирал да слета на аеродромот во Бурбанк, но кружел наоколу 15 минути, чекајќи ги дозволите за слетување како резултат на лошите временски услови и другите авиони што требале да слетаат на аеродромот.

Непосредно пред несреќата, пилотот го кренал хеликоптерот на повеќе од 600 метри, а потоа се урнал на надморска височина од околу 500 метри.

Податоците за летот покажуваат дека брзината на хеликоптерот била скоро 300 километри на час.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...