Преодните власти и бунтовничките групи во Судан се согласија да го предадат поранешниот претседател Омар ал Башир на Меѓународниот кривичен трибунал за воени злосторства, јави Би Би Си.
– Правдата не може да биде постигната доколку не ги залечиме раните – изјави владиниот портпарол Мохамед Хасан Елтаиш.
– Се согласивме дека за секого за кого постои налог за апсење од Трибуналот ќе биде процесуиран до Судот за воени злосторства. Ова го кажувам многу јасно – потенцираше портпаролот.
Судот го бара Ал Башир, кој минатата година беше соборен од војската под обвинение за злосторства против човештвото и геноцид извршен во конфликтот во Дарфур.
Откако беше соборен во април, тој е затворен во главниот град на Судан, Картум, под обвинение за корупција и убиство на демонстранти.