Бразилската sвезда Нејмар и поранешниот фудбалер Дејвид Бекам дадоа интервју, во кое играчот на ПСЖ ги понуди своите услуги на новиот клуб на Англичанецот – Интер Мајами.
Сепак, навивачите на новиот тим не треба да се грижат премногу, бидејќи Нејмар посочи дека ќе размисли да премине за 10 години. За време на интервјуто меѓу поранешната и сегашната sвезда на ПСЖ, Нејмар призна дека би сакал да игра во МЛС еден ден и го спомна Бекам како „негов претседател“.
– Верувам дека ова е одлична можност земјата да го развие својот фудбал. Како што реков претходно, веќе имам договор со Дејвид. Ќе бидам таму за неколку години. Ние сме во ова заедно. Тој е мојот претседател – беа зборовите на Бразилецот.
– Затоа, ќе те натерам да потпишеш парче хартија. Празен лист хартија. Ова ќе биде десетгодишен договор за Мајами. Нема да платиме многу! – рече Бекам, давајќи празно ливче на Нејмар како симболичен договор меѓу двајцата.
Нејмар во моментов има повреда во ребрата и ја пропушти победата на ПСЖ со 4-2 над Лион во текот на викендот. Досега оваа сезона тој има 13 голови во Лига 1 со шест асистенции.