Верхофстад: Време е Орбан да престане да ги финансира анти-ЕУ и анти-НАТО силите во С. Македонија и Словенија

Денеска и словенечката полиција потврди дека Националното биро за истраги води предистражна постапка за начинот на кој се финансираат одредени медиуми во земјата. 

755

Пратеникот во Европскиот парламент и поранешен лидер на Алијансата на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ) Ги Верхофстад на Твитер напиша дека унгарскиот премиер Виктор Орбан треба да престане да ги финансира силите кои се против Европската унија и НАТО во С. Македонија и Словенија.

– Виктор Орбан финансира анти-ЕУ и анти-НАТО сили во Словенија и Северна Македонија. Крајно време е ова да престане – напиша Верхофстад.

Овој став на европратеникот доаѓа по текстот на порталот Нецензурирано, дека медиуми во Словенија и Северна Македонија се финансираат од пари на компании кои се блиски до партијата Фидез на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Денеска и словенечката полиција потврди дека Националното биро за истраги води предистражна постапка за начинот на кој се финансираат одредени медиуми во земјата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...