Шалке казнет поради расизам

84

Раководството на Шалке 04 ќе плати казна од 50.000 евра за скандирања на расистичка основа од страна на навивачите на германскиот тим. Инцидентот се случил за време на натпреварот во Гелзенкирхен против Херта Берлин во Купот на Германија минатата недела.

Фудбалерот на тимот од Берлин, Џордан Торунарига, беше навреден на расистичка база од навивачите на Шалке.

– Имаше мајмунски звуци – се вели во изјавата на германскиот фудбалски сојуз.

Во дополнителното време на натпреварот, Торунарига беше отстранет од теренот поради втор жолт картон во мечот, кој заврши со успех од 3:2 во корист на Шалке.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...