Северина го избриша презимето Којиќ од социјалните мрежи

Атмосферата дополнително ја загреа и појавувањето на Северина на една манифестација сама без сопругот.

1192
ФОТО: EPA / ORESTIS PANAGIOTOU

Една од најпознатите пејачки во регионот, Северина Којиќ, венчаното презиме го избриша од Инстаграм. Овој потег обожавателите веднаш го забележаа, па почнаа да се шират шпекулации дека нешто не е во ред со нивниот однос.

Атмосферата дополнително ја загреа и појавувањето на Северина на една манифестација сама без сопругот.

– Севе дојде сама да ја земем наградата, што им беше чудно на сите со оглед на тоа што е неразделна од Игор. Дека меѓу нив не е се во ред, потврда е и фактот што на новинарското прашање каде е Игор, Севе само накусо прокоментирала дека е дојдена сама – открил извор кој што бил на лице место, па додал:

„Не сакаше да одговара на прашања поврзани со сопругот, што на сите им падна чудно. Цело време уживаше во друштво на децата кои беа со неа на бина. Игор воопшто не го спомена, што до сега беше незамисливо, додал изворот.

ФОТО: EPA / ORESTIS PANAGIOTOU

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...